LAZAROV AWARDS 2026

LAZAROV AWARDS 2026

ЗА LAZAROV AWARDS

LAZAROV AWARDS е приказна која започна како идеја, а прерасна во движење што обединува илјадници луѓе. Овој настан претставува симбол на благодарност кон публиката, поддршка на вистинските вредности и славење на луѓето кои оставаат трага во општеството. По успешното прво издание на Lazarov Awards кое минатата година донесе масовна поддршка, силна енергија и атмосфера за паметење, предизвикувајќи огромен интерес и обединувајќи илјадници луѓе околу една заедничка приказна, ја продолжуваме приказната со второ, подобро и надградено издание на giveaway-от и настанот, што за кратко време прерасна во симбол на благодарност кон публиката и заедништво со заедницата.

Нешто Повеќе

ПОДАРОЦИ И
поддржувачи

LAND ROVER DISCOVERY | PEUGEOT 3008

2 Х МОТОРИ

ПАТУВАЊЕ ЗА ДВАЈЦА ВО МАРОКО

IPHONE 17 PRO

Компании кои се со нас

,,

Сонот станува реалност кога ќе решиш да не се откажеш.
Diane Rose
Fitness Guru

- СТЕФАН ЛАЗАРОВ

НЕШТО ДОБРО ОД СРЦЕ – ПОМАГАМЕ НА СЕМЕЈСТВО ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

По вашите сугестии, оваа година Lazarov Awards добива хуманитарна нота. Помошта и желбата да се помогне на оние на кои им е најпотребно, постојано се зголемува. Оваа година следи нешто добро од срце – на семејството Велковски од Куманово, им дадовме ветување: Во рок од 60 дена, целосно ќе биде реновирана нивната куќа, која моментално е во лоша состојба, непогодна за живеење на четричлено семејство со две деца, кои заслужуваат детство и топол и пристоен дом како и секое друго дете. Сопругот Бране, со дијагностицирано слепило од 98%, со сопругата Тања и дечињата Алексеј и Лана, ги очекува нова можност за подобар живот. Зад проектот стои цела екипа поддржувачи, кои со заеднички сили ќе го остварат сонот на семејството Велковски.

– Стефан Лазаров, Димитар Атанасовски, Васил Мандаровски – Мандар

Заедно создаваме приказна која расте - Следи нешто добро, кое Македонија го нема видено досега

Зад LAZAROV AWARDS стојат компании, партнери и пријатели, кои веруваат во идејата и ја поддржуваат оваа приказна од самиот почеток. Благодарение на сите поддржувачи, оваа година имаме уникатна можност да подаруваме вредни подароци и да создаваме настани, кои инспирираат, помагаат и обединуваат.